Објавено на:

Лишено од слобода лице од велешко, затекнат е при обид да изврши кражба во црква

t

На 10.06.2026 во 02:30 часот на наплатна станица Сопот на автопатот Скопје – Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.М.(43) од село Бузалково, велешко, со живеалиште во Скопје. На место викано „Ветерско“, тој бил затекнат како излегува од патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки и со метален предмет се обидува насилно да влезе во црква, но откако ги забележал полициските службеници се оддалечил од местото. Набргу, по преземени мерки, возилото било сопрено, а лицето приведено во полициска станица.. Со Д.М. бил извршен службен разговор, при што го признал делото. Додека, при преглед кај него биле пронајдени пари и предмети за кои постои сомневање дека ги користел за вршење на делото. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лишено од слобода лице од велешко, затекнат…

На 10.06.2026 во 02:30 часот на наплатна…

Дете од Кичево со електричен тротинет влетало…

Дете со електричен тротинет се удрило во…

Почина македонскиот балетски уметник и кореограф, Хазарос…

Националната опера и балет објавува дека починал…

Масовна тепачка во Шуто Оризари, двајца тешко…

Двајца скопјани завршиле со тешки телесни повреди…

Гостин во хотел на Бит Пазар пронајден…

На 01.06.2026 околу 11:40 часот во СВР…