Лишено од слобода лице од велешко, затекнат е при обид да изврши кражба во црква
На 10.06.2026 во 02:30 часот на наплатна станица Сопот на автопатот Скопје – Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.М.(43) од село Бузалково, велешко, со живеалиште во Скопје. На место викано „Ветерско“, тој бил затекнат како излегува од патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки и со метален предмет се обидува насилно да влезе во црква, но откако ги забележал полициските службеници се оддалечил од местото. Набргу, по преземени мерки, возилото било сопрено, а лицето приведено во полициска станица.. Со Д.М. бил извршен службен разговор, при што го признал делото. Додека, при преглед кај него биле пронајдени пари и предмети за кои постои сомневање дека ги користел за вршење на делото. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
15-годишно момче донесено во болница без знаци…
15-годишно момче од Гостивар било донесено во…
Возач на тротинет удри во пензионерка во…
МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…
Кривична за двајца вработени во Брза помош…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35)…
Повозрасен маж во автобус во Скопје допирал…
МВР информира дека синоќа во 21:40 часот…
Трактор излета од пат во Пехчево, загина…
Вчера во 21:30 часот во ОВР Берово…