Лишен од слобода возачот кој синоќа во Марино со возило усмрти пешак
На 24.03.2026 во 23:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„500“ во с.Марино, општина Илинден, патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(21), удрило во пешакот О.М.(52), двајцата од с.Марино. Во несреќата, од здобиените повреди на местото починал О.М., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, возилото е одземено за вештачење, а возачот А.А. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гази Баба.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лишен од слобода возачот кој синоќа во…
На 24.03.2026 во 23:20 часот во СВР…
Возач од скопско возел под дејство на…
На 04.02.2026 во 20:20 часот на автопатот…
Приведен возач во Штип: Пијан удрил во…
На 30.05.2025 година во 19.39 часот на…
Возач е тешко повреден откако автомобил излета…
Денеска (04.09.2024) во 00.30 часот во СВР…
Македонец возел 205 км на час во…
Службениците од државниот оддел за транспорт од…