Приведен возач во Штип: Пијан удрил во друго возило
На 30.05.2025 година во 19.39 часот на улицата „Генерал Михајло Апостолски“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Љ.С. (63) од Штип, а по претходна пријава за случена сообраќајна несреќа во Штип околу 19.00 часот во која што приведениот на ул.„Генерал Михајло Апостолски“ во Штип, управувајќи патничко возило „Опел“ со штипски регистарски ознаки, удрил во патничко возило „Пежо“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 40-годишната В.К.
од Штип.
По преземени мерки од страна на полициски службеници било констатирано дека Љ.С. е под дејство на алкохол, односно дека има 1,89 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во Полициска станица. За настанот бил известен надлежен Јавен обвинител.
По целосно документирање на настанот, против истиот ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик на РСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ристовски: Штип доби нова спортска сала во…
Штип денеска добива нов, современ спортски објект…
Повторно работи филтер-станицата во Штип
Состојбата со водоснабдувањето во Штип постепено се…
Директорот на штипската болница: Ако се докаже…
*Објава на Фејсбук на директорот на Клиничка…
Девојка остана во инвалидска количка по царски…
По сериозниот случај со 19-годишната пациентка Станка…
Неколку милиони денари ќе чини покривот на…
Завршувањето и целосното опремување на новиот болнички…