„Ловеле риба“ на брод со 400 килограми хероин

Американската морнарица пронашла и запленила речиси 400 килограми хероин во Арапското Море. Се проценува дека дрогата вреди околу 4 милиони долари.
Бродовите USS Tempest и USS Typhoon пронајдоа товар хероин на рибарски брод, кој пловел без знаме. Според соопштението, заплената се случила во понеделникот.
Се сомнева дека бродот полн со дрога дошол од Иран. Девет членови на екипажот се идентификувале како државјани на таа земја.
Властите не соопштија која била крајната дестинација на бродот или кој го произведувал хероинот.
Во соопштението се наведува дека регионалната патрола запленила дрога во вкупна вредност од 193 милиони долари на море во 2021 година, што е повеќе од запленетите количини во последните четири години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Данска го зголемува буџетот за одбрана на…
Данската влада најави огромно зголемување на буџетот…
Израел призна дека го убил лидерот на…
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, во…
Трамп најавува дека ќе стави крај на…
Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата…
Трамп: Апсолутно е неопходно Америка да ја…
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп смета дека…
Бајден одобри пакет воена помош за Тајван
Американскиот претседател Џо Бајден одобри нов пакет…