Објавено на:

Лов на отровната морска риба во Грција, рибарите ќе добиваат 5,33 евра за килограм

t

Со цел да се намали ширењето на морската риба Lagocephalus sceleratus, која е отровна и опасна за консумација и нанесува голема штета на опремата на рибарите, но и да се заштити морскиот екосистем и да се поддржат приходите на рибарите, министерот за земјоделство и храна на Грција Маргаритис Схинас соопшти дека грчките рибари ќе добиваат по 5,33 евра за килограм уловена риба, а пилот програмата ќе се спроведе во јужниот дел на Егејското море и на Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Мерката е по примерот на Кипар, каде што рибарите добиваат 4,73 евра за килограм, а во Грција овој надомест е малку повисок.

Конкретната иницијатива е во рамките на првиот пакет од седум мерки за поддршка на грчкото рибарство, чија цел е итно справување со сериозните предизвици со кои се соочува секторот, а беше соопштена од министерот за земјоделство и храна на Грција по средбата со претставници на организациите на рибарите.

Схинас посочи дека грчкото рибарство во последните години се наоѓа во тешка состојба, секторот е погоден од енормно високите цени на горивото, под закана е од климатските промени, но и од разни видови риби меѓу кои и Lagocephalus sceleratus, што како што рече, веќе претставува реална опасност за морињата.

Објасни дека ќе се спроведе пилот-програма за улов на конкретната риба, првично во јужниот дел на Егејското море и кај Крит, каде што, според научните процени, проблемот е најизразен, а субвенцијата за улов ќе изнесува 5,33 евра за килограм.

– Нагласувам дека овој износ е чист надомест за рибарите. Не се вклучени трошоците за ладење и уништување на рибите, што ќе ги покриваат локалните власти. Сакам да истакнам дека ова е првпат во Грција да се воведе ваква мерка, но ја спроведува Министерството за земјоделство и храна во рамките на ограничените можности со кои располага. Мојата амбиција е оваа пилот-програма во иднина да се прошири и да ги опфати сите грчки мориња, во рамките на поширокиот еколошки пристап за заштита на морската средина, објасни Схинас.

Останатите мерки за поддршка на грчките рибари што ги соопшти министерот предвидуваат: субвенции за нафтата во периодот од април до јуни; план за обесштетување на рибарите чии активности ќе бидат ограничени поради изградбата на морски паркови; можност за модернизација на рибарските чамци преку новата Заедничка политика за рибарство на ЕУ; како и нов систем за организација на рибарите.

За морската риба што е отровна и забранета за консумација, а која е сè поприсутна во грчките мориња, генералниот секретар во Министерството за земјоделство и храна Спирос Протопсалтис во саботата, како што објави МИА, говорејќи за државната телевизија ЕРТ нагласи дека нема простор и причина за паника кај капачите, бидејќи во Грција бил регистриран само еден случај на каснување во 2022 година на Крит, а тоа што пишуваат медиумите дека напаѓа капачи, нагласи дека се лажни вести.

Објасни дека рибата во 2005 првпат била откриена кај Родос и Крит, дошла од Суецкиот канал и Црвеното море, сака потопла вода, а со зголемувањето на температурата на морето, многу брзо се шири, што предизвикува загриженост, додека пак најголемиот проблем е што не ја јадат другите риби во Медитеранот, но и дека им нанесува штета на рибарите, односно поради силните заби ги оштетува рибарските мрежи, јадиците и другата опрема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лов на отровната морска риба во Грција,…

Со цел да се намали ширењето на…

Венецуела под урнатини, силните потреси однесоа стотици…

По силниот двоен земјотрес што ја погоди…

Власта открива организирана бугарска пропаганда во нашата…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју…

ЗЕЛЕНСКИ ОДОБРИЛ 40-ДНЕВНА ОПЕРАЦИЈА ЗА „ПРИТИСОК ЗА…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски одобрил 40-дневна операција…

Мицкоски: Не очекувам промени во преговарачката рамка,…

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не очекува…