Лога: Очекувам следнава недела турските власти да го земат во процедура нашето барање

t

Очекуваме релативно брза екстрадиција на Палевски од Турција, ова денеска го изјави министерот за правда Кренар Лога, кој додаде дека во Турција се испратени документи неколку пати – преку ДХЛ, по електронски пат, преку нашето МНР и Амбасадата. – изјави министерот за Правда Кренар Лога.

И додека се чека екстрадицијата на прво осмничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски, денеска само неколку луѓе дојдоа на протестот во Градскиот парк во Скопје кој беше најавен како изразување граѓанско незадоволство и барање правда против извршителите на убиствата. Владеачката СДСМ прашува што разговарале Мицкоски и Палевски на своите средби?

– Трет ден нема одговор на прашањето за средбата на Мицкоски со Палески. Што се разговарало на таа средба? Што се договарало? Зошто се молчи? Мицкоски терба да излезе пред граѓаните и да одговори. Обидите за манипуалација, поткопување на истрагата и ширење паника кај граѓаните отвораат сериозни сомнежи за целите на ДПМНЕ и Мицкоски.Особено што јавноста многу добро знае дека радикалните ставови на Палески беа алатка на ДПМНЕ и нивните сателити. – изјави Даниела Марковска од СДСМ.

Главниот осомничен за убиствата на ученичката Вања и на пензионерот Жежовски е Љупчо Палевски. Тој беше уапсен во Турција, а Јавното обвинителство по брза постапка испрати барање до турските власти за негова екстрадиција во земјава. Кривична доби и Стефан Димковски за помагање, бидејќи со возило го однел главниот осомничен од Белград до Баликесир во Турција. Димковски беше уапсен при преминување на грчко-македонската граница.

Во притвор се веќе четворицата осомничени за киднапирањето и убиството, таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, како и Влатко Кешишов, Велибор Маневски и Боре Видевски овие осомничени за случајот ќе ги стапува адвокат одреден по службена должност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манијак во Прилеп, се самозадоволувал пред малолетно…

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Д.(34)…

Грција потпиша договор за набавка на 20…

Грчката влада официјално ја финализираше својата намера…

Македонскиот пасош e рангиран на 41 место…

Македонскиот пасош е рангиран на 41-то место…

(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа…

Тешка несреќа околу пладне се случила во…

Во 62 налети полициските хеликоптери исфрлија преку…

Денеска (26.07.2024), Одделот за воздухопловни единици при…