Локалните власти со повик до граѓаните на Киев да останат во домовите

t

Градските власти на украинската престолнина ги повикаа граѓаните на Киев да не излегуваат од своите домови освен во случаи на крајна нужда.

„Борби и натаму се водат практично во сите делови на градот”, се наведува во соопштението лиферувано преку апликацијата за размена на пораки „Телеграм”. Притоа се советуваат луѓето да излегуваат од домовите само за набавка на храна или лекарства.

„Синоќа беше релативно мирно во Киев, иако се регистрани престрелки со диверзантски извидувачки групи. Активностите во градот се воглавно насочени во подготовки за одбрана”, стои во соопштението.

Продавниците и јавниот превоз низ градот утрово работаат, со тоа што возовите од подземната железница соорбаќаат поретко од вообичаеното.

Во сила останува полицискиот час во периодот од 22 до 7 часот.

Властите истовремено повикаа на грижа за соседите, особено за постарите лица и оние чии членови се вклучени во одбраната на градот и земјата.

Исто така се упатува апел до јавноста да обрне внимание на домовите на луѓето кои го напуштија градот, односно да спречат кражби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манијак во Прилеп, се самозадоволувал пред малолетно…

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Д.(34)…

Грција потпиша договор за набавка на 20…

Грчката влада официјално ја финализираше својата намера…

Македонскиот пасош e рангиран на 41 место…

Македонскиот пасош е рангиран на 41-то место…

(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа…

Тешка несреќа околу пладне се случила во…

Во 62 налети полициските хеликоптери исфрлија преку…

Денеска (26.07.2024), Одделот за воздухопловни единици при…