Макрон му порача на Нетанјаху дека двете страни мора да го почитуваат прекинот на огнот
Францускиот претседател Емануел Макрон денес за време на разговорот со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нагласи дека е потребно и Израел и Иран да го почитуваат примирјето што е на сила.
„Ја делиме истата цел, Иран никогаш да не поседува нуклеарно оружје. За да се обезбеди ова на долг рок, ја нагласив важноста од продолжување на преговорите, како за нуклеарните, така и за балистичките прашања. Тоа е прашање на безбедноста на Израел и безбедноста на сите во регионот“, напиша Макрон на својот профил на мрежата IX.
Во телефонски разговор со Нетанјаху, тој нагласи дека е потребно да се воспостави примирје и во Појасот Газа.
„Ослободувањето на сите заложници, масовниот проток на хуманитарна помош во Појасот Газа и потрагата по политичко решение за две држави остануваат приоритети“, рече Макрон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху и Трамп разговарале за плановите на…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху разговараше со американскиот…
Нетанјаху најави војна до целосно уништување на…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на прес-конференција изјави…
Трамп без јасен став за анексијата на…
Американскиот претседател Доналд Трамп избегна директно да…
Нетанјаху ќе предложи целосна окупација на Газа,…
Пред претстојниот состанок на Советот за национална…
Вучиќ разговараше со Макрон: Србија е посветена…
Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше телефонски со…