Лондон до Техеран: Велика Британија нема да толерира заплашување и закани на своја територија
Британскиот министер за надворешни работи, Ед Милибанд, му порачал на иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, дека Велика Британија „нема да толерира заплашување, закани или непријателски активности на британска територија“ од групи поврзани со Иран.
Милибанд синоќа се сретнал со неговиот ирански колега во Њујорк, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации.
Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека на средбата било разговарано за војната на Блискиот Исток, важноста од повторно отворање на Ормуската Теснина и за „непоколебливата решеност на Велика Британија да се спротивстави на заканите од групи поврзани со Иран на британска територија“.
Во соопштението за средбата се наведува дека Милибанд му порачал на Арагчи оти Иран треба да избере деескалација и дипломатија наместо продолжување на војната.
-Тој ја нагласи важноста од обновување на слободата на пловидба и целосно повторно отворање на Ормуската Теснина, истакнувајќи го влијанието што континуираното нарушување го има врз глобалната безбедност и економската стабилност, стои во коминикето.
Притоа се посочува дека министерот за надворешни работи ја потврдил непоколебливата решеност на Велика Британија да се спротивстави на заканите од групи поврзани со Иран на британска територија, вклучително и нападите врз британската еврејска заедница.
-Министерот за надворешни работи јасно стави до знаење дека Велика Британија нема да толерира заплашување, закани или непријателски активности на британска територија и ги изложи мерките што Владата ги презеде како одговор, се додава.
Милибанд го покренал и прашањето за притворањето на Крег и Линдзи Форман од Источен Сасекс, кои беа уапсени од иранските власти во јануари минатата година додека патувале низ земјата со моторцикл.
Тие во моментов се наоѓаат во затворот „Евин“ во Техеран.
Британскиот министер повторно повикал тие веднаш да бидат ослободени, нагласувајќи дека „грижата за нив останува приоритет за Владата“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лондон до Техеран: Велика Британија нема да…
Британскиот министер за надворешни работи, Ед Милибанд,…
Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…
Путин: Сите предлози за мир во Украина…
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва…
Вашингтон сè уште расправа за дизелот: Трамп…
Можноста САД да го ограничат извозот на…
Саудискиот врховен муфтија до војниците: Бидете подготвени…
Саудиска Арабија доби една од најсилните јавни…