Лондон тврди дека руските трупи целосно ја напуштиле северна Украина

Руските трупи „целосно се повлекоа” од северна Украина, упатувајќи се северно кон Белорусија и Русија, тврди Министерството за одбрана на Велика Британија.
На редовниот утрински брифинг од британското МО е посочено дека некои од тие единици ќе бидат префрлени во источна Украина за да се борат во Донбас. Но, голем дел од капацитетите ќе треба да бидат „значително надополнети“ пред да бидат повторно распоредени на терен.
Секое масовно прераспоредување од север веројатно ќе потрае најмалку една недела- соопшти Министерството за одбрана, пренесува Би-Би-Си.
Притоа уште е посочено дека е продолжило руското гранатирање на градовите на истокот и југот на Украина, како и дека има напредок на руските трупи во јужниот дел на земјата од стратешки важниот град Изум.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Мир со Русија може да биде…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска изјави дека…
Груевски го патосираше СДС: Имаат синдром на…
Поранешниот премиер Никола Груевски со нов статус…
Дел од Скопје утре ќе остане без…
Регионалниот центар за управување со кризи Скопје,…
(Документи)Македонија е „Хеленик Петролеум“, ОКТА е државата…
Пишува: Aлександар Митовски, Александра ПетровскаФото/Илустрација: Филип СтојановскиИ…
ВМРО-ДПМНЕ со СДСМ здружено во Град Скопје – Советот…
Членовите на Советот на Град Скопје од…