Луда држава…
Луда држава…
Додека бугарските служби се занимаваа со Ива Михајлова и организираа бегство на девојка на која и се суди за смрт на човек во сообраќајна незгода, Русија повторно нападна бродови во бугарски територијални води.
Бугарија полека но сигурно се претвора во „pariah state“, тoa e држава која се смета за отпадник во меѓународната заедница. Ваква отпадничка држава често ги крши императивните норми што го прави терминот поврзан со неуспешна држава или на англиски „failed state“.
Милиони евра троши бугарската држава за влијание и пропаганда во Македонија што впрочем беше докажано и од македонските разузнавачки служби. Овие дејствија се непријателски кон Македонија со која патем Бугарија е во сојуз во НАТО.
Патот по кој тргнала Бугарија го минале многу држави низ историјата и сите завршиле трагично затоа што експанзионизмот несомнено води кон занемарување на проблемите дома.
Проблемите дома потоа се лекуваат со форми на шовинизам и фашизам кој користи за народот да не ги обвини домашните елити за сопствените проблеми туку да се најде причинителот за несреќата кај надворешен непријател.
А кога ќе дојдеш до оваа точка тогаш знај дека си застранил како нација и нема назад…
Кога на твојата граница се води војна, а ти се занимаваш со спасување на криминалци од соседна држава наместо да ги заштитиш сопствените граници ти мора да си луд.
Со луд човек и со луда држава не можеш да разговараш, а камоли да преговараш.
Пишува: Милош Милошевски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Луда држава…
Луда држава... Додека бугарските служби се занимаваа…
Седрак: Невозможно е Михаилова да минала на…
Невозможно е да се премине границата како…
(Видео) Хакери претвориле замрзнувачи во грејачи: Речиси…
Необичен кибербезбедносен инцидент е пријавен во Франција,…
(Видео) Мексикански картели на украинскиот фронт? Снимка…
Мексикански картели на украинскиот фронт? Снимка отвора…
ММФ ја зголеми прогнозата за раст на…
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја зголеми прогнозата…