Лудило: Повеќе тепачки на територија на Скопје, се користеле и тврди предмети
На 01.01.2023 во 18.00 часот во с.Буковиќ од полициски службеници од СВР Скопје е приведен П.Ќ.(34) од Р.Косово затоа што според пријавеното околу 11.00 часот во дворно место во с.Буковиќ, скопско, сопственост на Ф.А.(32), по претходна расправија, учествувал во нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.А. и М.А. од една страна и П.Ќ. од друга страна, при што во пресметката биле употребени тврди предмети а, пријавениот употребил остар предмет, кој бил пронајден и одземен. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 01.01.2023 во 17,30 часот во Полициска станица Чаир Ј.Ц.(61) од Скопје пријавил дека на 28.12.2022 околу 10,00 часот додека бил на своето работно место во канцеларија на ул.Боца Иванова на подрачје на Чаир по претходно недоразбирање бил физички нападнат од Т.С. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.01.2023 во 23.00 часот во Полициска станица Бит Пазар Р.Е.(32) од Скопје пријавил дека околу 22.00 часот на подрачје на Бит Пазар поради нарушени фамилијарни односи бил физички нападнат од Љ.И.(21) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.01.2023 во 18.45 часот во Полициска станица Аеродром Ј.С.(56) од Скопје пријавил дека околу 15.30 часот на кејот на реката Вардар на подрачје на Аеродром бил физички нападнат со тврд предмет од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 02.01.2023 во 01.50 часот во Полициска станица Чаир Б.А.(20) од с.Арачиново, скопско и Ф.Љ.(21) од Скопје пријавиле дека околу 01.40 часот на бензинска пумпа на подрачје на Чаир биле физички нападнати од К.Р. и А.Н. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.01.2023 околу 10.00 часот во СВР Скопје 55-годишна жена пријавила дека во нејзината куќа во Драчево била физички нападната од две лица кои го барале нејзиниот син и притоа и се заканувале и оштетиле дел од инвентарот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…