Лукашенко побара од платениците на Вагнер да ги обучуваат белоруските војници
Белорускиот претседател Александар Лукашенко покани платеници од групата Вагнер во неговата земја за да ја обучуваат белоруската армија, а поканата е упатена за време на говорот посветен на Денот на независноста на Белорусија, пренесе државната новинска агенција Белта. Белорускиот лидер најави и дека во наредниот период следи „воено-политичка криза од светски размери“.
„За жал, тие (платениците на Вагнер) не се тука. И ако нивните инструктори, како што веќе им кажав, дојдат и ни дадат борбено искуство, ние ќе го прифатиме тоа искуство“, рече тој.
Повикот на Лукашенко доаѓа само седум дена откако белорускиот лидер ја презеде заслугата за задушувањето на вооружениот бунт на силите на Вагнер против Москва.
Во неверојатниот и неочекуван след на настани кои претставуваа најголема закана за рускиот претседател Владимир Путин во изминатите години, лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин ги насочи своите сили кон главниот град на Русија, преземајќи ја контролата врз воените инсталации во два руски града.
Кризата беше ублажена дури откако Лукашенко посредуваше за договор Пригожин да се пресели во Белорусија. Како дел од истиот договор, трупите на Вагнер добија можност да се пријават во руската војска или во агенциите за спроведување на законот, да се вратат кај семејството и пријателите или да одат во Белорусија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тетовчанец долго ја малтретирал сопругата и ѝ…
Тетовчанец е уапсен по пријава од неговата…
Двојно убиство во Албанија: напаѓачи застрелаа чичко…
Вооружени напаѓачи вчера убиле чичко и внук…
Државен пазарен инспекторат со засилени контроли по…
Државниот пазарен инспекторат, по повод најавените продажни…
Ахмети им се обрати на ЕУ, НАТО…
Законот за употреба на јазиците, усвоен во…
Малолетници предизвикале пожар во напуштен објект во…
За двајца малолетници од Ресен постои сомнеж…