Мавале со тврди и стаклени предмети – Притвор и кривични за пет лица за тепачката во скопски Аеродром

t

Кривично ќе се гонат пет лица за насилство по тепачката во Аеродром вчера по полноќ.

– Единицата за насилен криминал при СВР Скопје – Одделение за насилен криминал поднесе кривична пријава против Е.М., Е.Р.(30), Ѓ.А., А.Р.(32) и еден малолентик поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 396 став 3 од Кривичниот законик, информираа од МВР. 

Имено, на 16.08.2026 во 01:15 часот на подрачјето на општина Аеродром настанала физичка пресметка помеѓу Н.Е.(36) и Е.М.(43) од Скопје. Притоа, С.И.(23) од Скопје се обидел да му помогне на Н.Е., но за кратко се собрале повеќе лица и со тврди и стаклени предмети ги нападнале Н.Е. и С.И. и им нанеле тешко телесни повреди, додаваат од полицијата. 

По преземени мерки, обезбедени се лицата, извршено е препознавање и во координација со јавен обвинител против нив е поднесена кривичната пријава.

Тие се изнесени пред судија за претходна постапка, кој на Е.М. и Е.Р. им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена, а на Ѓ.А. и А.Р. им одреди мерка куќен притвор во траење од 30 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

АЛТА банка денес изврши исплата на средства…

Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…

Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…

Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…

Разбиена голема мрежа за даночни измами во…

Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…