Магла од 100 – 150 метри на патниот правец Тетово – Попова Шапка, видливоста намалена

t

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, а намалена видливост поради појава на магла од 100 – 150 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Касами заедно со коалициското трио ВЛЕН-ДПМНЕ-ЗНАМ…

Касами заедно со коалициското трио ВЛЕН-ДПМНЕ-ЗНАМ промивира…

Се пренасочува сообраќајот на патот Тетово –…

АМСМ информира дека регионалниот пат Тетово –…

Паднати бандери и дрвја, поплавени куќи и…

Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека вчера во…

Претрес во Тетово, пронајдена дрога

На 22.06.2024, полициски службеници од Отсекот за…

Прегазено дете во Тетово!

33-годишник вчера прегазил дете во Тетово. –…