Објавено на:

Маж од Тимјаник на неготинци им вклучил полициски сирени преку мегафон на полноќ

t

Возило во движење низ центарот на Неготино, од кое околу полноќ во саботата кон неделата се слушале полициски сирени и други звуци, ги вознемирило граѓаните.

Како што информираат од СВР Велес, станувало збор за лице од Тимјаник, кое било сопатник во возилото и преку мегафон пуштал вознемирувачки звуци. Мегафонот му бил одземен, а против него ќе била поднесена соодветна пријава.

-На 11.05.2024 околу 00.05 часот од страна на полициски службеници од Полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај од ОВР Неготино на улица „Маршал Тито“ во Неготино забележано е патничко возило „рено“ со неготински регистарски ознаки, од кое, додека се движело, се слушале полициски сирени и други звуци, со кои се вознемирувале граѓаните.

Возилото било сопрено и од Г.С.(27) од село Тимјаник, неготинско, кој бил сопатник во возилото, одземен е мегафон. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава- соопштија од СВР Велес

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радовишанец им се заканувал на вработени во…

СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична…

Расте бројот на жртви во Краков: Шестмина…

Најмалку шест лица се убиени, а 16…

Хрватска за 13 години изгубила речиси 64.000…

Хрватска во изминатите 13 учебни години остана…

Трамп му нареди на Министерството за правда…

Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на…