Објавено на:

Маж се самозапали на погребот на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе

t

Јапонец се самозапалил во протест против државниот погреб на поранешниот премиер Шинѕо Абе, кој беше убиен во јули, пренесува Би-Би-Си.

Стотици странски функционери се очекува да присуствуваат на погребот на 27 септември.

Утрово очевидци повикале полиција откако забележале маж во пламен во близина на канцеларијата на премиерот во Токио.

Полицајците го изгаснале пожарот и го однеле мажот кој се уште бил свесен во болница, објавија локалните медиуми.

Не се знае степенот на неговите повреди и неговата моментална состојба. Јапонските медиуми јавуваат дека станува збор за постар човек кој имал околу 70 години.

Владата допрва ќе го коментира случајот. Но, противењето на јавноста за одржувањето на државниот погреб се интензивираше во последниве месеци, при што анкетите покажаа дека мнозинството гласачи не се задоволни од поскапувањето.

Абе беше застрелан на 8 јули, на 67-годишна возраст, на предизборен митинг за неговата политичка партија. Убиството на јапонскиот премиер со најдолг стаж беше осудено на меѓународно ниво и ја шокираше Јапонија, земја со минимално досие на политичко насилство и криминал со оружје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лидерите на САД, Индија, Јапонија и Австралија…

Американскиот претседател Џозеф Бајден и премиерите на…

Јапонија има над 95.000 стогодишници, повеќето се…

Јапонија има нов рекорд за долговечност со…

Јапонците трупаат залихи по најавите за „мегаземјотрес“

Јапонските власти побараа од граѓаните да не…

Земјотрес од 6,8 по Рихтер го погоди…

Земјотрес што според прелиминарните мерења, бил со…

Предупредување за мегаземјотрес во Јапонија! Премиерот ги…

Јапонскиот премиер Фумио Кишида го откажа патувањето…