Македонец уапсен во Грција – со мотоцикл возел 223 километри на час
Полицајците од Килкис уапсија едно лице кое беше фатено како управува мотоцикл со брзина од 223 километри на час, на место каде што ограничувањето на брзината е 110 километри на час, информираа од регионалната полициска дирекција на северна Грција.
Според грчките медиуми, станува збор за македонски државјанин.
Според истите информации, уапсениот 49-годишен македонски државјанин бил запрен на автопатот Солун – Евзони, односно на патот што води кон граничниот премин со нашата земја за излез од Грција, каде што возел со двојно поголема брзина од дозволената.
На уапсениот му се одземени возачката дозвола и регистарските таблици, изречена му е казна од 700 евра, а денеска ќе биде изведен пред јавен обвинител.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонец уапсен во Грција – со мотоцикл…
Полицајците од Килкис уапсија едно лице кое…
Грција ќе помогне во антибалистичката заштита на…
Грција ќе помогне во антибалистичката заштита на…
Грција предупредува: Напад врз Кипар е закана…
Mинистерот за надворешни работи на Грција, Јоргос…
Грција крева безбедносен штит околу американски и…
Грчките власти ја зголемија безбедноста околу потенцијалните…
Во Грција 300 мигранти во притвор поради…
Од примената на новиот закон за нелегален…