Грција ќе помогне во антибалистичката заштита на Бугарија од Иран
Грција ќе помогне во антибалистичката заштита на Бугарија од Иран, објави Никос Дендијас во петокот, по разговорот со неговиот бугарски колега Атанас Запријанов, пренесува Скај.
„Повторно разговарав со мојот бугарски колега, Атанас Запрјанов, и го информирав дека Грција ќе обезбеди секаква можна помош за антибалистичката заштита на Бугарија од Иран“, рече министерот за национална одбрана.
Овој потег доаѓа како одговор на заканата од ирански балистички ракети со долг дострел, кои би можеле да ја погодат инфраструктурата на НАТО во Црното Море.
Грција наводно размислува за привремено преместување на батеријата „Патриот PAC-3“ во јужна Бугарија. Системот PAC-3 е најнапреден за пресретнување на балистички закани.
Грчките радари за рано предупредување сега ќе „гледаат“ во име на Софија, создавајќи единствена антибалистичка купола од Егејот до Дунав.
Овој потег ја штити железничката и патната врска Александрополис-Бургас-Варна, што е клучно за транспортот на западна помош.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Храната поскапи за 128% – Иранската валута…
Иранската валута e на рекордно ниска вредност.…
Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…
Катар продолжува да посредува и да пренесува…
Арагчи: Отворени сме за преговори, но подготвени…
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи…
Грчкиот раст и натаму е над европскиот
Грција и натаму бележи повисок економски раст…
Трамп демантира дека му понудил на Иран…
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ги отфрли…