Македонија била геноцидна кон Бугарите, тврдеа пратеници на седницата на која Европарламентот го усвои Извештајот за Македонија
Европските парламентарци попладнево со 508 гласа „за“ и 56 „против“ го усвоија Извештајот за напредокот на Македонија на известувачот на Европскиот парламент, бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, усвојувајќи притоа и некои од контроверзните амандмани, јави дописничката на МИА од Брисел.
Извештајот го поздравува реформскиот напредок на земјата и инсистира на имплементација на Договорот за добрососедство со Бугарија.
Европратениците ги одобрија спорните амандмани 75б, 79 и 80, за кои предупреди Институтот за европска политика (ЕПИ) дека претставуваат поткопување на основните стандарди вредности на ЕУ.
Амандманот 75б се однесува на историското помирување и „заедничка историја“, со што според ЕПИ, Европскиот парламент го одобрува притисокот што го врши Бугарија за да се толкува историјата на нивен начин.
Амандманот 79, кој исто така е усвоен, се оценува како притисок врз заедничката Комисија за , историски и образовни прашања, која треба да работи независно и без никакви политички притисоци.
Конечно амандманот 80, се коси со проценката на Европската Комисија, бидејќи гласи оти нема напредок во имплементацијата на Договорот за пријателство меѓу земјава и Бугарија од 2017, што не е став на Европската комисија во нејзиниот последен извештај во 2021, предупреди ЕПИ.
Освен тоа неколку европратеници од бугарската националистичката ВМРО – Бугарско национално движење во текот на расправата пред гласањето ја нареко Македонија „геноцидна кон Бугарите“.
Европратеникот Андреј Слабаков дури оцени дека без бараните бугарски промени, членството на Македонија е рамно на „тумор за ЕУ“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривичен го отфрли предлогот за мерки за…
Судија на претходна постапка при Основниот Кривичен…
Во куќа во скопско Средно Коњари пронајдена…
На 26.12.2024 во 21.20 часот во СВР…
Се задолжуваме и во ЕУ и тоа…
Во Собранието е доставен Предлог-законот за задолжување…
„И вие да научите нешто“: Белградските студенти…
Студентите од белградските факултети се собраа пред…
ДУИ незадоволен од тоа што не е…
ДУИ е незадоволен од тоа што не…