МПЦ-ОА со сочувство за бомбашкиот напад на антиохиската црква во Дамаск
Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан упати писмо на сочувство до Неговото Блаженство г. Јован Х, патријарх Антиохиски и на целиот Исток по терористичкиот напад од 22 јуни во храмот „Свети Илија“ во Дамаск, во кој животот го загубија многубројни православни христијани.
„Со неизмерна болка и длабока тага ја примивме веста за ужасниот терористички напад кој се случи на 22. 06. 2025 г, во храмот „Свети Илија“ во Дамаск, во кој животот го загубија многубројни православни христијани. Сторениот стравотен злочин ги потресе не само христијаните во светот, туку и сите луѓе со љубов и добра волја. Осудувајќи го ваквиот грозоморен чин, дозволете Ни од Наше име и од името на браќата архијереи, и од сета полнота на МПЦ – ОА, да Ве увериме во нашата искрена и длабока сострадалност, целосна поткрепа и усрдна молитва за Вас и за возљубената, страдална и маченичка Антохиска Православна Црква. Едновремено, заедно со Вас, ја очекуваме брзата реакција на надлежните власти во пронаоѓањето и санкционирањето на одговорните за ваквиот злостор“, се вели во обраќањето на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Експлозии во Дамаск во близина на хотелот…
Две експлозии се пријавени во сирискиот главен…
Промени во врвот на Синодот: Владиката Петар…
Владиката Петар повеќе не е дел од…
МПЦ-ОА се оградува од „Христијанско братство“ –…
Македонската православна црква – Охридска архиепископија тврди…
ЗА МНОГУ ГОДИНИ! Денес е Богојавление –…
Кога Господ Исус наврши триесет години од…
МПЦ-ОА со сочувство за бомбашкиот напад на…
Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан упати…