Македонија главна тема: Започна состанокот на Советодавниот совет за национална безбедност на Бугарија

t

Во Софија започна состанокот на Советодавниот совет за национална безбедност што го свика претседателот на Бугарија Румен Радев, на тема „Улогата на Република Бугарија во проширувањето на ЕУ и во процесот на стабилизација и асоцијација: Република Македонија и Албанија“.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, претседателот на Бугарија на 16 декември во Брисел ја објави намерата да свика Советодавниот совет на кој ќе се разговара на темата Македонија.

Тој пред неколку дена изјави дека Бугарија продолжува да биде отворена за дијалог со Македонија. Радев повика на „гарантирање на правата на македонските Бугари, откажување од јазикот на омразата, прекин на процесите на дебугаризација, фалсификување на нашето илјадагодишно културно и историско наследство“. Според бугарскиот претседател, ова само ќе помогне во процесот на евроинтеграција, за конечно Бугарија да ја отвори вратата за преговори за членство на Република Македонија со ЕУ.

Новоизбраниот премиер на Бугарија Кирил Петков пред Народното собрание истакна дека владејачката коалиција има јасен заеднички став за Македонија. Од говорницата на Народното собрание, Петков најави дека на 18 јануари оди во Скопје на разговори, покажувајќи дека добрососедството е основен принцип за односите на Бугарија со Македонија.

Повод за посетата на Петков на Македонија е и 30-годишнината од признавањето на независната македонска држава од страна на Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вонредна состојба во регионот на експлозијата во…

Делумна вонредна состојба е прогласена во градот…

(Видео) СТРАШНА ЕКСПЛОЗИЈА НА МАГАЦИНИ ЗА ОГНОМЕТ…

Експлодираа магацини за огномет меѓу Елин Пелин…

Европската комисија ја тужи Бугарија

Европската комисија објави дека одлучила да поднесе…

Полицаец пронашол камена гробница од античко време…

Саркофаг (камена гробница) од античко римско време…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…