Македонија изгуби од Холандија

Ракометната репрезентација на Македонија забележа прв пораз на Светското првенство, откако загуби од супер-брзата Холандија со 37-32 (18-15). Натпреварот од второто коло во „Арена Вараждин“ се одигра како да беше во Скопје, пред речиси 3.000 македонски навивачи. Пруживме сериозен отпор, меѓутоа брзата игра на „лалињата“ беше пресудна, а вреди да се напомене и дека ривалот шутираше дури тринаесет пенали.
Репрезентативците заработија два црвени картони во текот на натпреварот.
Одново во македонскиот табор се истакна капитенот Филип Кузмановски со девет реализации, шест имаше Мартин Серафимов, а четири гола даде Марко Митев. Кај Холанѓаните најдобар беше Рутгер Тен Велде кој имаше 11 реализации, главно од пенал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…