Македонија изгуби од Холандија

t

Ракометната репрезентација на Македонија забележа прв пораз на Светското првенство, откако загуби од супер-брзата Холандија со 37-32 (18-15). Натпреварот од второто коло во „Арена Вараждин“ се одигра како да беше во Скопје, пред речиси 3.000 македонски навивачи. Пруживме сериозен отпор, меѓутоа брзата игра на „лалињата“ беше пресудна, а вреди да се напомене и дека ривалот шутираше дури тринаесет пенали.

Репрезентативците заработија два црвени картони во текот на натпреварот.

Одново во македонскиот табор се истакна капитенот Филип Кузмановски со девет реализации, шест имаше Мартин Серафимов, а четири гола даде Марко Митев. Кај Холанѓаните најдобар беше Рутгер Тен Велде кој имаше 11 реализации, главно од пенал. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…