Македонија исплаќала социјална помош на починати и иселени граѓани, откриени над 4.500 лица

t

Повеќе од 4.500 „лажни корисници“ на гарантирана минимална помош и социјална сигурност биле откриени при проверките што ги спроведува Владата, тврди премиерот Христијан Мицкоски.

Според него, меѓу корисниците за кои државата исплаќала средства имало починати лица, иселени граѓани и фиктивни корисници.

„До овој момент имаме повеќе од 4,5 илјади, значи не 45, не 450, туку 4,5 илјади лажни корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност“, рече Мицкоски.

Тој тврди дека по деталната анализа и проверките на терен, фактурата за овој месец е за 200 милиони денари помала во споредба со истиот месец минатата година.

„Како е тоа возможно? Возможно е затоа што корисници биле, за жал, починати луѓе, отселени луѓе, лажни луѓе и така натаму“, изјави премиерот.

Според неговата пресметка, од државниот буџет на годишно ниво се трошеле повеќе од една милијарда, па дури и до милијарда и пол денари за вакви исплати.

Мицкоски посочи дека проверката сè уште не е целосно завршена и дека остануваат да бидат проверени уште приближно една петтина до една шестина од вкупниот број корисници.

Тој најави дека контролите нема да запрат кај корисниците на гарантирана минимална помош и социјална сигурност, посочувајќи дека состојбата се одразува и врз здравството и други сектори.

Премиерот ваквата проверка ја претстави како реформа со финансиски ефект од околу 25 милиони евра годишно

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија исплаќала социјална помош на починати и…

Повеќе од 4.500 „лажни корисници“ на гарантирана…

Мицкоски: Во Бугарија очекувам средба на коњопој

Средба на коњопој. Премиерот Мицкоски нема никакви…

Времено прекината вакцинацијата за БСЖ

Министерството за здравство соопшти дека надлежната Комисија…

Нови тензии во Приштина: Демонстрантите најавуваат камења…

Политичката неизвесност во Приштина продолжува, а рокот…

Мицкоски со одговор: Еве дали ќе се…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, за предлогот…