Македонија набавува дронови Бајрактар?!
Грчкиот медиуми објавуваат дека во Македонија се развива идеја од Турција да се купат дронови Bayraktar TB2. Според грчките медиуми, Скопје ќе разговара со Анкара, за нови воени договори. Се вели дека Македонија ќе побара и Bayraktar TB2 SİHA од Турција на овие состаноци, пренесува турскји Haberler.
Турските дронови Сиха, чие име многу се споменуваше во последните години, продолжуваат масовно да се бараат од другите земји.
Грчкиот медиумски сајт „Слпрес“ напиша дека Македонија сака да се приклучи на „Турскиот воен клуб“. Се пренесува и изјава од македонскиот претседател Стево Пендаровски дека продолжуваат преговорите за набавка на беспилотно летало од типот Бајрактар.
Од друга страна, Пендаровски сигнализирал воена соработка со Турција во наредниот период, велејќи дека руските напади врз Украина „го прават тоа сè поитно“. Пендаровски потсетил дека военото партнерство меѓу двете земји започнало многу одамна и дека многу високи офицери од Армијата на Македонија биле обучувани во турските воени училишта.
Прашан дали на дневен ред на Скопје е набавка на летала од Турција, Пендаровски рекол дека во последната година и половина направиле нови аранжмани за набавка на дел од воената опрема и оружје од Турција, додавајќи: „Се разбира, ова е чувствително прашање и не би сакал детално да разговарам за тоа пред сите“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел ја зголемува готовноста: Извештаи за нови…
Западни разузнавачки служби регистрирале нови воени активности…
Иранска воена техника се движи кон Кувајт?!…
Снимки што се споделуваат на социјалните мрежи,…
Герасимовски: Постапката за „Барутана“ е законска обврска
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во…
Мицкоски за предвремени избори: Можно е, никогаш…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во интервју…
Северна Кореја тестираше ракети од под вода:…
Северна Кореја соопшти дека тестирала два типа…