Македонската црковна делегација стаса во Москва за да учествува на прославата на роденденот на рускиот патријарх Кирил

t

Македонската црковна делегација, предводена од митрополитот Дебарско-кичевски Георгиј и епископот Хераклејски Климент пристигна денеска во Москва, каде што ќе учествува на свеченостите по повод 80-тиот роденден на рускиот патријарх Кирил.

На аеродромот „Шереметјево“ во Москва, македонските архијереи биле пречекани од архиепископот Пјатигорски и Черкески Теофилакт, како и од Сергеј Бекешченко, соработник на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија.

Синодската канцеларија на МПЦ-ОА соопшти дека со благослов на Неговото блаженство, архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, македонска црковна делегација, предводена од Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, во придружба на Епископот Хераклејски г. Климент, ќе оствари неколкудневна посета (од 19-ти до 24-ти ноември) на Руската Православна Црква – Московска Патријаршија, а по повод 80-тиот роденден на Патријархот Московски и на цела Русија г. г. Кирил.

-Во текот на нивниот престој предвидено е заедничко сослужување со Патријархот и со претставници од други помесни Православни Цркви, во храмот „Христос Спасител“ во Москва, како и средба во резиденцијалниот Свето-Данилов манастир, каде што македонските архијереи ќе бидат примени од патријархот г. г. Кирил. Во текот на посетата предвидено е да бидат посетени и неколку московски светињи – се наведува во соопшението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонската црковна делегација стаса во Москва за…

Македонската црковна делегација, предводена од митрополитот Дебарско-кичевски…

Муцунски изрази солидарност со Холандија и Шведска…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…

Полицискиот синдикат застана во одбрана на полициските…

Полицискиот синдикат застана во одбрана на полициските…

„Антропик“ со 81,3 милијарди долари го собори…

Американската компанија за развој на вештачка интелигенција…