Македонските навивачи ќе плаќаат поскапо: „Вараждин Арена“ со најскапи цени на билетите за втора фаза

t

Светската ракометна федерација во соработка со домаќинот Хрватска ги објави цените за втората фаза на Мундијалот, а најскапи се токму во „Вараждин Арената“ каде што ќе игра Македонија.

Македонија со победата против Гвинеја обезбеди место во втората фаза каде што пренесовме еден бод од ремито со Унгарија.

Цените на билетите за Арената во Вараждин пораснаа и место 50 и 70 евра за двете опции сега ќе се плаќа 80 и 100 евра. Билетите може да се купуваат преку истата мрежа како и претходно.

За разлика од Вараждин во „Загрепската Арена“ каде што исто така ќе се играат натпревари од втората фаза пуштени се во продажба билети по 40, 60 и 80 евра. Билетите се најефтини за Президент Купот во Пореч, таму цените се од 5 до 25 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕК го пофали напредокот, приходите над 2,1…

Царинската управа во 2025 година собрала над…

Тешко повреден пешак во Скопје, го удриле…

Вчера околу 13:40 часот на паркинг просторот…

Три месеци демнеел жена и ѝ упатувал…

26-годишен жител на Кочани се соочува со…

Стотици илјади Украинци останаа без струја по…

Новите руски напади врз енергетската инфраструктура во…