Македонските спасувачи заминуваат од Адијаман, желба им е да донираат крв!

t

Вечерва завршува спасувачката мисија за вториот македонски конвој во турскиот град Адијаман, разурнат од катастрофалниот земјотрес.

Командитор на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев во телефонски разговор за МИА вели дека во моментов сѐ уште се на објект, којшто е разрушен и за жал извлекуваат мртви луѓе од него. Со мисијата завршуваат по 19 часот и во текот на ноќта заминува конвојот со 32 македонски пожарникари спасувачи и тимот од Дирекцијата за заштита и спасување.

Но, Коцев вели дека последна желба на вториот македонски спасувачки тим е да даруваат и крв во Анкара.

– Надлежните од Дирекцијата за заштита и спасување во секој момент очекуваат одговор дали нашиот тим по пат ќе помине и во Анкара, за да даруваме крв, бидејќи тоа ни е последна желба да го сториме во оваа мисија – вели Коцев.

Петмината штипски пожарникари-спасувачи се во добра здравствена состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Предложен притвор за 20-годишникот фатен во акцијата…

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за…

Апсење на Блаце: Фатен жител на скопско…

На 15.10.2026 на Граничниот премин Долно Блаце,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЕУ и земјите од Заливот ја одложија…

Европската Унија соопшти дека ја одложува средбата…

Ученици од Скопје биле нападнати додека шетале…

Група ученици од Скопје биле нападнати во…