Македонските фудбалери заминаа за Тбилиси на дуел со Грузија

Македонската фудбалска репрезентација, откако утринава тренираше во Скопје, попладнево со чартер-лет замина за Тбилиси на дуел против Грузија во рамки на Лигата на нации.
Македонските фудбалери му гостуваат на лидерот во групата 3 од Ц-Дивизијата во ослабен состав без неколкумина стандардни фудбалери, вклучувајќи ги капитенот Стефан Ристовски, Аријан Адеми и Дарко Чурлинов.
Натпреварот во Тбилиси се игра в петок со почеток во 18 часот.
Својот настап во Лигата на нации, избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе го завршат в понеделник во Скопје против Бугарија.
На табелата води Грузија со 10 бодови, пред Македонија (7), Бугарија (3) и Гибралтар (1).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХОРОР: Малолетници силувале 13-годишно девојче во Келн
Тринаесетгодишно девојче било сексуално злоставувано од момчиња…
Македонците наведени како посебен народ во Царска…
Соседните држави очигледно погрешно пресметаа кога мислеа…
55 кинески борбени авиони забележани околу Тајван
Десетици кинески борбени авиони се забележани во…
Роналдо победи во азиската Лига шампиони
Додека во Европа вечерва стартуваше новата сезона…
МИЦКОСКИ ВЛЕЗЕ ВО ВОЈНА СО ГРУЕВСКИ: “Панорама…
Ботовите на "дувлото" денеска "кавилтетно" ја заработуваат…