Македонските фудбалери заминаа за Тбилиси на дуел со Грузија
Македонската фудбалска репрезентација, откако утринава тренираше во Скопје, попладнево со чартер-лет замина за Тбилиси на дуел против Грузија во рамки на Лигата на нации.
Македонските фудбалери му гостуваат на лидерот во групата 3 од Ц-Дивизијата во ослабен состав без неколкумина стандардни фудбалери, вклучувајќи ги капитенот Стефан Ристовски, Аријан Адеми и Дарко Чурлинов.
Натпреварот во Тбилиси се игра в петок со почеток во 18 часот.
Својот настап во Лигата на нации, избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе го завршат в понеделник во Скопје против Бугарија.
На табелата води Грузија со 10 бодови, пред Македонија (7), Бугарија (3) и Гибралтар (1).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаос во Тирана: Судири помеѓу демонстрантите и…
На денешните антивладини протести во Тирана приведени…
Мицкоски: Бараме гаранција дека ова ќе биде…
Премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон изнесе предлог…
Туск: Русија планира хибридни напади во Европа
Полскиот премиер Доналд Туск денеска во Сејмот…
Македонија пред нов економски притисок: Скапата нафта…
Новата ескалација на Блискиот Исток и растот…
ЕУ за нови членки ги сака АВСТРАЛИЈА…
Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, изјави…