Македонски државјанин „глумеше“ хирург, па измами граѓани на Белград за 100.000 евра
Припадници на Министерството за внатрешни работи во Белград, Управата за криминалистичка полиција, во соработка со Првото основно јавно обвинителство во Белград, го уапсија македонскиот државјанин А. К. (42), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело измама.
Тој е осомничен дека лажно се претставил како хирург, заедно со неколку засега непознати лица, ја водел и ја одржувал оштетената во заблуда дека ќе изврши итна операција врз член на нејзиното семејство, кој наводно доживеал сообраќајна несреќа, за одреден надомест.
Полицијата го уапсила веднаш по предавањето на парите и кај него пронашла 16.650 евра и 150.000 динари.
Истражителите се сомневаат дека А.К. и лицата по кои се трага, во периодот од ноември минатата година до денес, извршиле неколку измами на територијата на Белград на ист начин и со тоа нелегално се стекнале со повеќе од 100.000 евра. На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа, по што ќе биде приведен во надлежното обвинителство со кривична пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонски државјанин „глумеше“ хирург, па измами граѓани…
Припадници на Министерството за внатрешни работи во…
Холандската разузнавачка агенција: Не сме виделе поголема…
Холандија се соочува со најголемата закана по…
Принцот Хари од Киев му порача на…
Принцот Хари денеска упати директен апел до…
Муцунски-Варнс: Од големо значење е стратешкото партнерство…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…
Под Тумбе кафе најдени се над 1000…
Над 1.000 неексплодирани бомби и гранати од…