Под Тумбе кафе најдени се над 1000 неексплодирани бомби и гранати од Првата светска војна
Над 1.000 неексплодирани бомби и гранати од Првата светска војна се пронајдени под Тумбе Кафе во Битола, каде се градат нови објекти. Нивното отстранување веќе еден месец го врши пиротехничарот Ѓорѓи Стефановски, еден од двајцата во Дирекцијата за заштита и спасување. Процесот се одвива бавно поради недостиг на кадар и високата опасност.
„Ризикот е секогаш присутен. Едно погрешно движење може да ја активира бомбата. Се работи внимателно , се копа од страна, а потоа рачно се вади, бидејќи така е најбезбедно“, вели Ѓорѓи Стефановски, пиротеничар.
Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, вели дека се прават напори да се надмине недостигот на кадар, но процесот не оди брзо, зашто ваков кадар не се создава брзо и едноставно. Потребни се обуки и интерес кој во моментов недостасува, и покрај зголемените плати. Наскоро ќе се вработи едно лице.
„Во тек се процедури за вработување на нов пиротехничар. Имавме и разговори со пензионирани лица кои би можеле да бидат ангажирани по потреба, вели Стојанче Ангелов“, директор ДЗС.
Се претпоставува дека на локацијата има уште неексплодирани средства. Пронајдените ќе бидат уништени на полигонот Криволак, по што ќе продолжи расчистувањето, додека местото го обезбедува полицијата.
Битолскиот регион важи за еден од најризичните во земјава, со голем број неексплодирани средства од двете светски војни. Речиси нема градежна или земјоделска активност без вакви наоди. Рекордни 12.500 гранати беа откриени пред пет години при реконструкцијата на стадионот во Битола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови откритија на „Старо Бонче“: Средновековни гробови…
На археолошкиот локалитет „Старо Бонче“ се откриени…
Пандов на средба со делегација на Европскиот…
Директорот на Управата за извршување на санкциите,…
Македонски државјанин убиен во Германија
Дваесет и седумгодишен маж од Северна Македонија…
72-годишен Полјак се преценил кај Куратица —…
Пензионер од Полска одбрал авантуристички да го…
МОН: Неточни и лицемерни се тврдењата на…
Министерството за образование и наука (МОН) како…