Објавено на:

Македонците да престанат со фалсификувањето на нашето милениумско културно-историско наследство

t

Бугарија е најголемиот поддржувач на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и особено на братска Република Македонија, изјави претседателот на Бугарија Румен Радев.

Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, Радев додава дека тоа ќе зависи од индивидуалниот напредок и исполнувањето на копенхашките критериуми за членство од страна на сите земји кандидати.

Радев рече дека верува оти сите ветувања и заложби на Република Македонија за спроведување на билатералниот договор ќе бидат исполнети со цел да се забрза процесот на нејзината европска интеграција.

Сепак, Радев, паралелно со тоа, изрази очекување дека „ќе се решат сите отворени прашања, како што се гарантирањето на уставните гаранции за правата на македонските Бугари, откажувањето од говорот на омраза, завршувањето на процесите на дебугаризација, на фалсификувањето на нашето милениумско културно-историско наследство што ќе помогнат и ќе го забрзаат процесот за да можеме да ја отвориме вратата за преговори за членство на земјата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарскиот МОЛ сака да ја купи рафинеријата…

Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ…

Двајца Македонци фатени со 137 килограми марихуана…

Двајца државјани на Македонија се приведени на…

Љубчо Георгиевски на свое барање се сретнал…

Бугарскиот претседател Румен Радев го примил во…

Бугарскиот пазар полуде: Се нуди паркинг место…

Гаража или паркинг место за автомобил во…

Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…

Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…