Макрон: Доколку е потребно, протестите ќе бидат забранети

t

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека протестите ќе бидат забранети доколку е потребно, по насилните немири во Франција.

„Со оглед на моменталната ситуација, префектите ќе донесат одлуки во координација со градоначалниците за да ги заштитат нашите градови, јавни згради и продавници и доколку е потребно, ќе одат дотаму што ќе забранат одредени собири и ќе преземат потребни мерки“, рече претседателот на Франција во телевизиско обраќање.

Работата на полицијата е исто така под лупа, рече Макрон, и побара од министерот за внатрешни работи да се справи со тоа.

Повеќе од половина милион луѓе протестираа во Франција во саботата на национален протест против високите трошоци за живот.

Во многу градови имаше грабежи, палежи и материјална штета, а маскирани демонстранти нападнаа градски собранија, полициски станици и владини згради.

„Вчера, и покрај нивниот професионализам, нашите полицајци се соочија со невидено насилство во бројни градови“, рече Макрон.

„Одново побарав од владата да извлече поука од ова… за да се осигура дека ова нема да се случи повторно. Очекувам јасни одговори и се ќе биде целосно транспарентно.“

„Секој што се обидел да ја собори републиката ќе биде повикан на одговорност.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ разговараше со Макрон: Србија е посветена…

Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше телефонски со…

Макрон: ЕУ не го искористи својот пазар…

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Европската…

Франција има нова влада по неколкунеделната политичка…

Претседателот Емануел Макрон именуваше нова влада предводена…

Илјадници протестираа низ Франција откако Макрон ги…

Илјадници демонстранти излегоа на улиците низ Франција,…

Францускиот претседател Макрон утре и задутре во…

Францускиот претседател Емануел Макрон утре и задутре…