Макрон пресече: Мора да има реформи во Шенген зоната

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Шенген зоната треба да се реформира и да се управува преку редовни министерски состаноци, како и еврозоната.
На состанокот на европските министри за правда и внатрешни работи, Макрон рече дека таканаречениот Шенген Совет ќе процени како функционира зоната, ќе донесе заеднички одлуки и ќе овозможи полесна координација за време на кризи, пренесува Ројтерс.
„Овој Совет може да стане лице на силна, заштитничка Европа која може да ги контролира нејзините граници, а со тоа и својата судбина“, посочи Макрон.
Тој рече дека првиот состанок на тој совет ќе се одржи кога следниот пат на 3 март ќе се соберат европските министри за правда и внатрешни работи.
Предлогот на Макрон бара поддршка од другите земји-членки на ЕУ, но француските власти посочуваат дека нема да биде неопходно да се менуваат договорите на ЕУ.
„Треба да ја реформираме Шенген зоната. Не може да има слобода на движење ако не ги контролираме нашите надворешни граници“, рече Макрон.
Франција предлага и воспоставување кризен механизам кој би можел да се активира во случај на закана за надворешните граници на Унијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Официјално: Бугарија и Романија ќе станат полноправни…
Бугарија и Романија ќе станат полноправни членки…
Европскиот парламент ќе побара брз прием на…
Европскиот парламент (ЕП) ќе го повика Советот…
Франција има нова влада по неколкунеделната политичка…
Претседателот Емануел Макрон именуваше нова влада предводена…
Илјадници протестираа низ Франција откако Макрон ги…
Илјадници демонстранти излегоа на улиците низ Франција,…
Францускиот претседател Макрон утре и задутре во…
Францускиот претседател Емануел Макрон утре и задутре…