Објавено на:

МАЛОЛЕТНИК СО ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ УДРИ ЖЕНА ВО ТЕТОВО: Со тешки повреди пренесена во Скопје

t

Триесет и двегодишна жена е тешко повредена откако во неа удрил електричен тротинет управуван од малолетник во Тетово.

Според информациите од СВР Тетово, на 5 јуни околу 10:00 часот било пријавено дека на улицата „Илинденска“ електричен тротинет, управуван од 16-годишен малолетник од тетовското село Лисец, удрил во И.Ѓ. (32) од село Непроштено.

По несреќата, повредената била пренесена во Клиничката болница во Тетово за укажување лекарска помош. Поради сериозноста на повредите, таа подоцна била префрлена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

На местото на настанот увид извршила увидна екипа на СВР Тетово, а се работи на целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МАЛОЛЕТНИК СО ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ УДРИ ЖЕНА ВО…

Триесет и двегодишна жена е тешко повредена…

(Видео) Црна Гора се чуствува понижена по…

Лидерот на Демократската народна партија, Милан Кнежевиќ,…

ЗНАМ: Пендаровски и Ковачевски си противречат за…

Движењето ЗНАМ оцени дека јавноста заслужува одговори…

Професор нападнал и повредил ученичка во кичевско

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.С.(68)…

Мицкоски за изјавата на Радев: Зборува за…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го обвини бугарскиот…