МАЛОЛЕТНИК СО ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ УДРИ ЖЕНА ВО ТЕТОВО: Со тешки повреди пренесена во Скопје
Триесет и двегодишна жена е тешко повредена откако во неа удрил електричен тротинет управуван од малолетник во Тетово.
Според информациите од СВР Тетово, на 5 јуни околу 10:00 часот било пријавено дека на улицата „Илинденска“ електричен тротинет, управуван од 16-годишен малолетник од тетовското село Лисец, удрил во И.Ѓ. (32) од село Непроштено.
По несреќата, повредената била пренесена во Клиничката болница во Тетово за укажување лекарска помош. Поради сериозноста на повредите, таа подоцна била префрлена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
На местото на настанот увид извршила увидна екипа на СВР Тетово, а се работи на целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Молдавија од денес влезе во 60-дневна вонредна…
Молдавија од денес, 26 септември, официјално влегува…
Ивановски: Филипче и неговата група станаа фракција…
Поранешниот потпретседател на СДСМ и еден од…
Мицкоски: На Македонија ѝ треба силна опозиција,…
„Јас жалам повторно што дури и оваа…
Мицкоски: Ние ги презентираме нашите аргументи, во…
Јас не можам да зборувам од аспект…
(Фото) Македонското знаме се крена над Њујорк:…
Во чeст на 35 годишнината на независноста,…