Малолетниот сериски убиец од Виена му се исповедал на адвокатот: Сестричката ми ја убија

t

Тинејџерот (17) од Австрија, кој минатата недела влегол во полициска станица и признал дека убил двајца бездомници и тешко ранил едно лице, на адвокатот му открил болни детали од своето минато.

Според австриските медиуми, тинејџерот се свртел кон „темната страна“ откако неговата полусестра била убиена кога имала само четири години.

Потрагата по осомничениот траела од јули годинава, кога беа пронајдени мртви двајца бездомници, а потоа во август уште еден бездомник беше тешко повреден. Полицијата немала поим, а потоа на 11 декември, тинејџерот влегол во полициска станица во Виена и рекол: „Јас сум тој што ги уби бездомниците“.

Полицијата потоа во куќата на неговиот татко пронашла нож, кој бил скриен во каучот, а тој бил приведен.

Сепак, медиумите пишуваат дека осомничениот не секогаш бил криминалец. Станува збор за тинејџер кој некогаш бил познат како добро момче, одличен ученик. Но, два настани му го промениле животот и поради нив го напуштил училиштето и се препуштил на лошото друштво и најверојатно дрогата.

Според медиумите, момчето пораснало во нормално семејство, сѐ додека неговите родители не решиле да се разведат. И таткото и мајката брзо нашле нови партнери и добиле деца во новите врски. Кога имал 10 години, добил полусестра, која ја засакал од првиот ден.

Сепак, како што рекол, неговиот однос со маќеата (29) не бил идеален.

“Набрзо сфатив дека не ме сака и ме гледаше како натрапник. Сепак, одлично се сложував со сестра ми. Бев среќна што можев да се грижам за неа. Ја сакав многу, како никогаш досега “, му рекол осомничениот на својот адвокат кога го посетил во притворското одделение на 14 декември.

За жал, неговиот живот стана пекол во март 2021 година, кога имал 14 години. Имено, еден ден неговата маќеа земала пиштол и ја убила нејзината ќерка, односно полусестрата на осомничениот, а потоа си го одзела животот.

„Смртта на сестра ми ме уништи“, му рекол тој на адвокатот.

Недолго потоа, тој го напуштил училиштето и работел со скратено работно време за да заработи малку пари. Рекол дека почнал да се дрогира на 16 години.

„Кога го земав, не чувствував никаква болка. Само постојано станував сѐ поладен и постуден“, рекол осомничениот, пренесува Heute.

„Тргнав во лов во јуни“

Од засега непознати причини во јуни годинава решил да убива бездомници. Со часови ќе ги бркал своите жртви и на крајот ќе им пресудил. Во август тешко повредил една жена. Откриено е дека во септември, кога се вратил да живее со мајка си, од непозната причина жестоко ја претепал жената (50), која била пренесена во болница. Тој поради претепувањето требало да се појави на суд на 13 декември, но два дена претходно се предал во полицијата за убиствата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХОРОР: 10-годишно дете се обидело да спречи…

Маж од Велика Британија фрлил 10-годишно дете…

УЖАС: Во Австрија уапсено 14-годишно девојче припадник…

Во австрискиот град Грац денеска е уапсен…

Почина и мајката на осомничениот за убиството…

Во Злот денеска починала Светлана Драгијевиќ, мајката…

За 50% зголемен бројот на Австријци кои…

Бројот на Австријците во апсолутна сиромаштија е…

Европратеникот Шидер: Македонија може да напредува и…

Македонија може да напредува и да стане…