Мало сутра: Бочварски очекува автопатите Петровец–Катланово и Кичево–Охрид да се завршат идната година

t

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски очекува делницата Петровец – Катланово да биде завршена наредната година, а автопатот Кичево – Охрид да се заврши во предвидениот рок до 31 декември идната година.

Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата, Бочварски образложи зошто се пролонгира рокот за изградба на автопатот Петровец – Катланово, посочувајќи дека изведувачот не го дал посакуваниот прогрес и поради тоа договорот бил раскинат. Бочварски информира дека новата јавна набавка е завршена, избран е изведувач и истиот е воведен во работа.

– Деновиве започнуваат мерењата на терен, да се направат дополнителни мерења од страна на новиот изведувач и секако од почетокот на наредната година очекуваме и градежни работи согласно временските услови. Нашите очекувања се дека оваа делница мора да биде завршена наредната година бидејќи тоа го должиме на граѓаните, но некогаш постојат и вакви околности и услови кога изведувачите не ги почитуваат зададените рокови и тогаш преминуваме кон раскинување на договорот, рече Бочварски.

Во однос на автопатот Кичево – Охрид, министерот посочи дека го прават притисокот истиот да се заврши во предвидениот рок – 31 декември 2023 година.

– Имаме тим од сите ресори од Министерството, Јавното претпријатие за државни патишта, Агенцијата за имотно-правни односи, Правобранителство, Агенцијата за катастар на недвижности и други кои имаат удел во оваа постапка и работат секојдневно на решавање на сите процедури и потешкотии кои се јавија на терен, но прогресот се одвива сега добро, работите течат и нашиот рок што сме го задале за реализација на овој автопат е непроменет, нагласи Бочварски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сахарска прашина доаѓа во Македонија

Во делови на Европа стигнува прашина од…

ТВ21: Приведени Ејуп Рустеми и уште три…

Министерството за внатрешни работи досега уапси неколку…

Истрага за злоупотреби при јавна набавка во…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

Португалската полиција заплени речиси 6,5 тони кокаин…

Португалската полиција заплени речиси 6,5 тони кокаин…

Франс прес за протестите во Македонија и…

„Од улиците на Белград во Србија до…