Објавено на:

Белград и Нови Сад утре ќе бидат под целосна блокада

t

Студентите во блокадата најавија целосна блокада на Белград утре од 7 часот наутро, и во Нови Сад од 6 часот наутро.

Објавата дојде откако српскиот претседател Александар Вучиќ донесе одлука да помилува четворица активисти на Српската напредна партија кои беа на судење за напад врз студенти на 28 јануари, кога на едно девојче му беше скршена вилицата со бејзбол палка.

„Кога ќе престане почитувањето на Уставот и законот од оние кои мора да ги заштитат, сè мора да престане“, се вели во објавата на „Студентите во блокада“ на Инстаграм.

„Утре, Нови Сад престанува“, се додава во соопштението.

Основниот суд во Нови Сад потврди за Ал Џезира дека Министерството за правда им ја доставило одлуката на претседателот, со која сите четворица обвинети се ослободени од кривично гонење за кривични дела тешка телесна повреда и насилно однесување.

Со одлуката на судот, исто така, беше укината и мерката за домашен притвор на еден од обвинетите. Другите претходно беа пуштени да се бранат од слобода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…

Американските воени подготовки се во тек во…

(Видео) Цистерна и комбе се судрија кај…

Цистерна и комбе утрово се судрија на…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…