Малчески: Треба да правиме разлика помеѓу попис како политичка и статистичка операција!

t

„Кога ќе се видат бројките, прво евидентно е иселувањето. Евидентно е дека во Р. Македонија се раѓаат помалку деца него што се раѓале претходно. Исто така има многу небулози кои што треба да излезат надлежните од Државниот завод за статистика да ги објаснат.

Не можете преку ноќ да седнете и таков сет на податоци да го изанализирате, може политички да излезте и да кажете вака било така било, но за суштинска анализа ви треба многу подолг период од неколку ден.

Треба да правиме разлика помеѓу политичка операција попис и статистичка операција попис

Реков април и мај ке бидат доста интересни и еве веќе почнуваат да стануваат интересни, па да видиме што и како ке се случува и какви би биле следните два месеци.“ – вели Малчески за Студио 10.

Тој исто така се осврна и на тоа што Македонија ја карактеризираат како нарко земја и праша кога ќе излезе од таквата ситуација.

„Мене ме интересира кога македонија ке излезе од земјите што ја карактеризираат како нарко тоа се домашни проблеми кои што никој странски дипломат не може да ни ги реши тоа треба самите да седнеме и да си ги решиме дома“- вели проф. Самоил Малчески во Студио 10 за ТВ 24.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Преку 1.000 хектари со тутун, сончоглед, пченка…

Околу 1.000 до 1.100 хектари, засадени главно…

Пијан велешанец и се заканувал на поранешната…

На 25.08.2026 во 00:30 часот во Велес,…

Курти утре во посета на Македонија, најавен…

Утре, среда, во официјална посета на Македонија…

Ангелов: Голем пожар во Градско – пренасочени…

Голем пожар денеска околу пладне избувна помеѓу…

54-годишен маж ја нападнал сопствената мајка

На 24.08.2026 во 23:55 часот во радовишко…