Манасиевски: Филипче, Заев и Ковачевски се првите другари на Вучиќ, не можат да се исперат колку и да пробуваат
Филипче, Заев и Ковачевски се првите другари на Вучиќ, не можат да се исперат колку и да пробуваат, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче во време на КОВИД кризата постилаше црвени килими за да пречека мала бројка на вакцини донирани од Вучиќ и со хвалоспеви да го поздравува. Сето тоа се случуваше затоа што Филипче сакаше да направи ќар од набавка на вакцини во Македонија. Во продолжение, да го погледнеме и видеото од истото“, потенцира тој.
Заев на руски пранкери кажуваше лоши зборови за Вучиќ, па од кога тој повик излезе во јавноста му се извинуваше на самиот Вучиќ и велеше дека тоа што го говорел за него не било така. Понизно и со свиткана кичма. А потоа го пречекуваше на гранични премини, му се заблагодаруваше и го величаше на секој можен начин. Да го проследиме и тоа видео, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„За Ковачевски мислам дека не треба да говориме, тој беше главниот другар на Вучиќ со кого пееја и пиеја до раните утрински часови. Секако за Република Македонија придобивка немаше од истото. Да го погледнеме и третото видео.
Српскиот свет во Македонија го промовираа Заев, Филипче и Ковачевски. Го промовираа и бугарскиот и рускиот, само не македонскиот. Затоа и граѓаните не им даваат доверба. Прочитани се“, додаде Манасиевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Манасиевски: Филипче, Заев и Ковачевски се првите…
Филипче, Заев и Ковачевски се првите другари…
ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, па продолжи…
Падот почна од СДС, Венко Филипче и…
ВМРО-ДПМНЕ: Две недели Филипче молчи и не…
Венко Филипче пред две недели најавуваше анкети…
ВМРО-ДПМНЕ за 23 Октомври: Македонија е наследство…
ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод 23 Октомври…
ВМРО-ДПМНЕ: Над 470 милиони денари за нови…
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во изминатиот период…