Манасиевски: Филипче на својот бугарски претседател да пренесе дека очекуваме испорака на пресудите од Стразбур
Македонија без гаранции од ЕУ нема да спроведе уставни измени, Филипче на својот бугарски претседател да пренесе дека очекуваме испорака на пресудите од Стразбур, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.
„Македонија поради лековерноста и погрешните политики на СДС, предводени од Зоран Заев и Венко Филипче плати прескапа цена со промена на Уставното име на државата. Затоа, овој пат уставни измени без јасни, цврсти и писмени гаранции во форма на заклучоци од ЕУ – нема да има. Уцени и диктати како што биле прифаќани до сега, со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да има“, рече Манасиевски.
Тој рече дека Македонија и граѓаните немаат право повторно да бидат излажани.
„Нема повторно да се прават отстапки без гаранции, без заштита на националните интереси и без сигурност дека тие отстапки навистина ќе значат напредок во евроинтегративниот процес. Затоа, специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче, нека му пренесе на Радев дека додека не видиме испорака од нивна страна, Македонија нема да се помести ниту милиметар од својата политика“, вели Манасиевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да му поднесе кривична…
Талогот на СДС повторно се појави. Овој…
Москва го пофали Радев
Москва забележува промена во реториката на Софија…
Дрон влегол во бугарскиот воздушен простор и…
Дрон влегол во воздушниот простор на Бугарија…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лицата со правосилни пресуди со…
ВМРО-ДПМНЕ денеска упати обвинувања кон лидерот на…
СДСМ го прозва обвинителот за случајот Гостивар:…
Клековски конечно прозборе. Во водата во Гостивар…