Мантрата на ДУИ е секогаш кога треба да има тендери и кoрупција, стануваат националисти и претставуваат дека има монопол над Албанците, дволична игра

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вечерва гостуваше во ,,Само интервју” кое се емитува на Канал 5 телевизија. Говореше за вербалните напади кои деновиве се упатуваат од страна на ДУИ кон ВМРО-ДПМНЕ и посочи дека нивната политичка мантра и филозофија на делување е криминалот и национализмот.
– Секогаш кога ќе треба да се подели по некој сомнителен тендер или да се случи нешто коруптивно, тогаш, ајде ќе ги делиме луѓето и ќе ја монополизираме позицијата на Албанците во Македонија дека таа е приватна сопственост и ексклузива на само една партија – ДУИ. Тоа е погрешна теза. И секогаш кога ќе треба да се допаднеме на некој меѓународен фактор, тогаш ќе прифаќаме Опен Балкан игнорирајќи го Косово, или пак ќе форсираме зелена агенда која никој жив не ја разбира од нив, ама слушнале во Брисел дека тоа е модерно и ајде сега ќе го повторуваме. Но, кога треба да врват тендерите, тогаш на сцена стапува национализмот и ексклузивата и монополизирањето на Албанците. – рече Мицкоски.
Тој додаде дека доколку тие се повикуваат на тоа дека се победник во албанскиот блок, тогаш и ВМРО-ДПМНЕ е победник во македонскиот блок и ако се повикуваме на тоа, тогаш ова не е општество за сите како што велеа.
Мицкоски кажа и дека правилото победник со победник одамна веќе не важи и треба да се види капацитетот на коалицирање пред сѐ програмски, а потоа да се види дали може навистина да се работи во интерес на државата и народот, а не на партиските интереси.
Во однос на идно коалицирање, тој додаде дека веќе се во коалиција со албанските опозициски партии и убеден е дека тие во иднина ќе бидат партнер во владата која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груби ќе ги тужи Лефков!
Првиот вицепремиер и министер за политички систем…
(Видео) Бекна ли некој од ВМРО-ДПМНЕ против…
Промената на Уставот и промената на уставното…
(Видео) Брука невидена: Пратеничка на ВМРО не…
Заменик-координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Ели…
Немаше да има двојазични полициски униформи без…
Двојазични полициски униформи немаше да има без…
(Видео) Народот го измамија измамници од најдолен…
Не згрешивме ние, налетавме на будали кои…