Објавено на:

Марин: Нема да има нуклеарно оружје на нашата територија

t

Прашањето за распоредувањето на базите на НАТО и нуклеарното оружје во Финска нема да биде тема на разговор, откако земјата ќе влезе во Алијансата, изјави финската премиерка Сана Марин.

„Тоа не е тема на разговор“, истакна таа во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“.

Според Марин, се зависи од националните одлуки на земјата, никој не може да и наметне на Финска нешто што народот не го сака.

Таа е сигурна дека по влезот на земјата во НАТО, Финска ќе го задржи статусот на посредник во меѓународните процеси, што ја издвојуваше додека беше неутрална.

„Влезот на земјата во НАТО ќе биде чин на мир, а не објава на војна“, додаде Марин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шефот на кинеската дипломатија во посета на…

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји…

Расте бројот на милионери во светот

Во својот последен годишен извештај, швајцарската банка УБС открива…

“Жените немаат вредност ако го откријат лицето…

Портпаролот на талибанското Министерство за ширење доблест…

ПОРАЗИТЕЛНО: Околу 735 милиони луѓе се соочиле…

Околу 735 милиони луѓе ширум светот се…

Лидерите на земјите од НАТО ја поздравија…

Светските лидери ја поздравија одлуката на Турција…