Маричиќ дециден: Нема да се менува унилатералната изјава на Владата за македонскиот јазик

t

Нема да се менува унилатералната изјава која Владата ја достави до ЕУ пред два дена во Брисел.

Ова е одлучено по консултациите во Министерството за надворешни работи(МНР).  Претходно, голем дел од експертската јавност, МАНУ, видни лингвисти и македонсти реагираа дека истата не го штити историскиот континуитет на јазикот.

Македонија пред два дена го започна таканаречениот скрининг процес пред преговорите со ЕУ. За скринингот Унијата предвидува 14 до 16 месеци, информираше вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ. Скринингот е поделен на кластери, а тие би требало да бидат отворени по летните одмори. Во постапката Македонија ќе биде запознаена со деловите од своето законодавство кои ќе треба да ги усогласи со правото на ЕУ.

Маричиќ најави дека првиот скрининг Извештај за Кластерот „Фундаментални вредности“, го очекува во првиот квартал од 2023 година и информираше дека за овој Кластер треба да се подготват три патокази кои ќе треба да ја рефлектираат политичката заложба за спроведување на клучните стратешки реформи преку дефинирање на краткорочни и среднорочни цели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маричиќ: Договорот од Преспа на дело, со…

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски…

Маричиќ од Црна Гора: Време е за…

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски…

Маричиќ: Бугарија има историска можност да подаде…

Покажавме дека знаеме да градиме мостови со…

(Видео) ССМ за Инфомакс: Предлогот на работодавачите…

Синдикалците го победија студот и излегоа на…

И Димитров yдpи по Маричиќ: He е…

Поранешниот министер за надворешни работи и доскорешен…