Фон дер Лајен: Со нетрпение ве очекуваме во ЕУ со вашиот „посебен“ идентитет и македонски јазик

t

Како што Македонија напредува во реформите, така го трасира својот пат кон ЕУ, објави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на платформата Х (Твитер) по вечерашната средба со шефот на државата Стево Пендаровски во Скопје. 

– Со нетрпение очекуваме да ви посакаме добредојде вам, на вашиот посебен идентитет и на вашиот јазик, македонскиот јазик, наведе Фон дер Лајен, изразувајќи задоволство што нејзината турнеја низ земјите од Западниот Балкан во следните три дена ја започнува токму од Скопје.

Како што претходно соопшти Кабинетот на Пендаровски, на средбата станало збор за процесот на пристапните преговори на земјава за членство во Европската Унија, за актуелните политички случувања во Македонија и за тековните состојби во регионот

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЕУ и земјите од Заливот ја одложија…

Европската Унија соопшти дека ја одложува средбата…

Мерц бара значително намалување на буџетот на…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…