Маричиќ и Османи во работна посета на Париз

t

Од Владата на Република Македонија соопштуваат дека во текот на утрешниот ден вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ќе престојуваат во работна посета на Париз.

Еве го целосното соопштение на Владата:

“Османи и Маричиќ во Париз на средба со Клеман Бон

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре (среда, 2-ри февруари 2022 год.) ќе престојуваат во работна посета на Париз, каде ќе остварат средба со Клеман Бон, државен секретар за европски прашања во Министерството за Европа и надворешни работи на Република Франција а ќе имаат средба и со Изабел Думон, дипломатскиот советник за Континентална Европа и Турција на Претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Во фокус на разговорите ќе биде европското досие на Северна Македонија, во светло на актуелното француско претседателство со Советот на Европската Унија, а се очекува да бидат разменети мислења и за други актуелни регионални и глобални предизвици.

Во рамки на посетата предвидена е средба и со сенаторот, Робер Бадентер.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Париз се одржаа демонстрации за правата…

Неколку илјади луѓе се собраа денеска на…

Мицкоски го виде Џеј Ди Венс само…

Премиерот на Бугарија, Росен Желјазков, имаше кратка…

Пожар изби во Ајфеловата кула во Париз,…

Во тек е евакуација на Ајфеловата кула…

Унгарската амбасада во Париз добила закана за…

Персоналот на унгарската амбасада во Париз добил…

Со воз од Берлин до Париз за…

Берлин и Париз наскоро ќе бидат поврзани…